Новости
Posted in

Подај рака стани СОС пријател – Би-МЕК со поддршка за СОС детско село

Posted in

Секогаш ни претставува особено задоволство да дадеме поддршка за децата од СОС детско село во нашата држава. Kако општествено одговорна компанија, Би-МЕК редовно вложува во заедницата преку различни донации и активности, бидејќи вложување во општеството е одговорност за сите нас.

СОС Детско село Македонија е дел од големото семејство на меѓународната организација СОС Детски села интернационал. Главната дејност е насочена кон поддршка на деца без родители и родителска грижа, деца и семејства во социјални ризици, како и активности во полето на социјалната заштита. Во организацијата СОС Детско Село згрижените деца добиваат можност да растат во заедница каде наоѓаат сигурност, љубов и топлина.

Bestsellers:
SHOPPING BAG 0
RECENTLY VIEWED 0